Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Во ИНОФЕИТ отворена првата Енергетска жива лабораторија – зајакнување на врската меѓу науката, образованието и стопанството

Во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска се отвори првата Енергетска жива лабораторија. Таа е воспоставена во рамки на проектот „Воспоставување на Енергетска жива лабораторија во ИНОФЕИТ“, поддржана од Министерството за економија и труд преку јавниот повик за иновативни и колаборативни проекти поврзани со специјализација, зелена и дигитална трансформација. 

-Вредноста на една жива лабораторија е во тоа што компаниите и истражувачите работат заедно уште од самиот почеток. Компаниите доаѓаат со конкретни потреби и податоци од своето работење. Потоа тимот на ФЕИТ, преку ИНОФЕИТ, ги развива и ги проверува можните решенија со мерења, симулации и тестирања во услови блиски до реалните услови во нивните погони – рече управителот на ИНОФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски.

Тој објасни дека лабораторијата веќе е оперативна за стопанството и се користи и за истражувачка работа на студентите на ФЕИТ. Во рамки на пилот проект на УКИМ, во европскиот проект INITIATE, е формирана истражувачката група за паметни енергетски системи.

Реклама

-Отворањето на лабораторијата е уште еден важен чекор во зајакнување на врската меѓу науката, образованието и стопанството. Нејзината посебна вредност е во тоа што е замислена како отворена платформа во кој се среќаваат истражувачите, инженерите и компаниите, се тестираат нови решенија во реални услови и се развиваат иновации со директна примена во индустријата – рече проф. д-р. Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ.

Концептот на жива лабораторија подразбира отворен иновациски еко-систем во реално опкружување, пристапен на академската заедница, индустријата, јавниот сектор и граѓаните. Сите тие треба да ја користат енергетската жива лабораторија. Разликата меѓу живата и традиционалната лабораторија е во тоа што во живата лабораторија средината е динамична, се менуваат условите за работа и средината не е контролирана. Оваа енергетска лабораторија учи со секој нов проект. Затоа, подразбира ко-креирање иновации од страна на корисниците, да се врши тестирање, евалуација и заклучоци во имплементирање на живата лабораторија. 

-Но, она што ја прави оваа лабораторија навистина жива не е само опремата и технологијата, тоа се луѓето, идеите, соработката и можност да се испроба технологијата, да се подобри и да се потврди во реални услови. Оваа лабораторија треба да биде место каде компаниите може да ги тестираат своите решенија, истражувачите да ги развиваат и валидираат новите технологии, студентите да стекнуваат практични знаења и искуства – рече деканот Атанасовски.

Со поддршка на овој проект уште еднаш на дело ја покажавме нашата заложба за поддршка на домашните компании во зголемување на нивната конкурентност, раст и развој, истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

-Еден од клучните фактори во овие процеси е воспоставување соработка и партнерство со науката, каде што се овозможува трансфер на знаење, технологии, заедничко истражување и заеднички иновации. Со носење на Стратегијата за паметна специјализација, во фокус е ставен развојот на приватниот сектор преку зголемена соработка со академијата во насока на пренос на знаење, заеднички проекти за истражување, развој и иновации – посочи Ристески. 

Министерството за економија и труд финансиски го поддржа проектот „Воспоставување на Енергетска жива лабораторија во ИНОФЕИТ“ со 50% од средствата или околу 50.000 евра преку јавниот повик од 2024 година – Мерка за поттикнување иновативни колаборативни проекти поврзани со паметна специјализација, зелена и дигитална трансформација во четворен хеликс.

-Оваа лабораторија од денес е на располагање на бизнис-заедницата, каде што ќе можат да ги користат капацитетите на лабораторијата и Факултетот за зголемување на нивната конкурентност, преку користење на современи дигитални алатки да обезбедат енергетска и зелена транзиција, како и подобрени капацитети за настап на европските и светските пазари – рече Ристески.

Лабораторијата, развиена од ФЕИТ и ИНОФЕИТ, во соработка со домашни компании (Интебако, Хас Инженериг и Серафимовски Тек), овозможува развој и тестирање на решенија за паметно управување со енергија, користење обновливи извори, складирање енергија и енергетска ефикасност.