Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Во Гостивар се планирани 51 инфраструктурен проект вредни над девет милиони евра

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири оствари работна посета на општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири оствари работна посета на општина Гостивар. Таа се сретна со градоначалникот Ваљбон Лимани и направи увид во работите на проекти кои се поддржани од државата.

Зеколи-Шаќири со нејзиниот домаќин Лимани на состанокот разговараше околу спроведувањето на проектите во Гостивар коишто се финансирани Министерството за транспорт. Таа по разговорот најави дека ќе се продолжи со соработката и посочи дека Гостивар е една од општините со најголем број поддржани проекти.

– Имаме одлична соработка. За Општина Гостивар вкупно имаме 51 проект. Во првиот повик имаме околу 12 проекти, додека во вториот 39, со вкупна вредност од околу 9,1 милиони евра, изјави Зеколи-Шаќири.

Реклама

Поддржаните проекти главно се однесуваат на патната инфраструктура, а надлежните најавуваат продолжување на инвестициите и во наредниот период.

Општина Гостивар продолжува да биде во фокусот на инфраструктурните вложувања, рече градоначалникот Лимани и посочи дека денеска се разговарало за текот на работите и идните проекти во општината. Тој нагласи дека во локалната самоуправа се разгледуваат нови иницијативи кои треба да придонесат за подобар живот на граѓаните.

– Разговаравме за сите проекти кои веќе се во фаза на реализација како дел од двата повици на Владата на Република Северна Македонија, но секако и за идната соработка и потенцијалните проекти во иднина кои се однесуваат на нашите граѓани. Убеден сум дека централната власт ќе биде поддршка на локалната власт со единствена цел, граѓаните да имаат подобар и поквалитетен живот, изјави Лимани.

Посетата на заменик министерката Калтрина Зеколи-Шаќири беше заокружена со посета на терен и увид во градежните работи кои се изведуваат на неколку локации низ Гостивар.