Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти

По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се обновува неврохируршката служба. Во рамки на обновената работа, денеска се успешно оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал –  соопшти ГОБ „8-ми Септември“. 

Интервенциите, како што информираат, се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба. 

ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги и обезбедување континуирана, современа и квалитетна неврохируршка здравствена заштита.

Реклама

Со повторното активирање на Неврохируршката служба, појаснуваат, пациентите ќе имаат пристап до дијагностика, оперативен третман и постоперативна грижа за широк спектар на неврохируршки состојби, вклучувајќи заболувања на мозокот, ’рбетниот столб и периферниот нервен систем.

– Нашата цел е да обезбедиме безбедна, ефикасна и навремена здравствена услуга, со фокус на добросостојбата и квалитетот на живот на пациентите – велат од болницата.

Истакнуваат дека повторното функционирање на Неврохируршката служба ќе придонесе за намалување на потребата од упатување на пациентите во други здравствени установи, како и за подобрување на достапноста на специјалистичка здравствена заштита во нашата средина.