Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Во ФОКУС: Најлоши 7 години за синдикатите и работниците

Безмалку 7 години, односно два мандати, македонските работници не дознаа зошто власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безмалку 7 години, односно два мандати, македонските работници не дознаа зошто власта се декларира како социјал – демократска.

Синдикалните организации велат дека изминатите неколку години биле период на бескомпромисна борба за работничките права и гола егзистенција. Наместо на работа, секојдневието на работникот беа протести, штрајкови и блокирање улици.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека и покрај нивните заложби за општиот колективен договор и повиски плати, лошите политики на власта и инфлацијата ги изедоа покачувањата, а огромен број работници беа принудени да си заминат од државата. Само лани во секторот градежништво бројот на работници се намалил за фрапантни 12.000, речиси сите заминати во странство.

Реклама
  • „Повторно сме последни на листата од сите земји на поранешната југослевска република. Со Отворен балкан, само наши работници заминуваат, а никој не доаѓа во Макеоднија за тие плати. Просечна плата имаме од 40.000 денари, но прашање кои ја зимаат. Просекот порасна кога пораснаа функцинерските плати за 78%, што значи дека трудо интензивните дејности, оние работници кои што најмногу допринесуваат во бруто домашниот производ, на крајот на денот се најмалку платени и си заминуваат од ден за ден.“ – Изјави Иван Пешевски од ССМ.

Од Конфедерацијата на синдикални организации се крајно разочарани од досегашните политики на власта, бидејќи кога станува збор за животниот стандард на работникот, Македонија е последна во регионот. Велат дека работникот е доведен на раб на егзистенција, иако се надевале дека фокусот на оваа влада ќе е кон рабониците.

  • „Во обзир ако ја земеме целава ситуација, мислам дека не се снајде владата во овој период. Да, имаше економска криза, ковид криза, буквално во ниту една ситуација не се снајде, ако имаме во обзир како се состојбите во околните држави. Ние сме последни во опкружувањето. Ако било криза како што кажуваат, енергетска криза, здравствена, економска, криза е секаде во светот. За сите држави.“ – Порача Mарјан  Ристески од КСОМ.

Од конфедерацијата на слободни синдикати пак, велат дека изминативе 8 години биле најлош период за работниците и посакуваат никогаш да не се повтори.

  • „Можеме слободно да кажеме дека работниците се револтирани од оваа влада. Револтирани се затоа што многу права како работници им беа скратени или се кршеа законите каде што се пропишуваат нивните права. Не функционираше трудовата инспекција, затоа што носеше решенија под притисок, така што многу работници своите права ги бараа пред судовите.“ – Истакна Благоја Ралповски од КСС.

Од КСС додаваат оти штетата од непочитувањето на работничките права во јавниот сектор не ја чуствуваат само работниците, туку сите граѓани.

Синдикалните организации едногласни, велат, со овие примиања не се прежвува, но не се откажуваат. Како досега, така и во иднина најавуваат нови протести и штрајкови. Следен ќе е утрешниот протест пред врховниот суд, а потоа на први мај, за кога очекуваат масовни протести по повод меѓународниот ден на трудот, каде ќе апелираат прв приоритет за идната влада да бидат работниците.

Никола Цветкоски