Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Во Фокус на Алфа: Покрај корупцијата, недовербата и скандалите, судство се соочува и со сериозен дефицит на судии

Покрај корупцијата, недовербата на граѓаните и скандалите, македонското судство се соочува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај корупцијата, недовербата на граѓаните и скандалите, македонското судство се соочува со сериозен дефицит на судии. Судскиот систем функционира со половина судии од она што е потребно – има 321, а по систематизација во земјава треба да судат 629 судии.

Најалармантно е во Скопје. На Кривичниот суд му недостасуваат 28 судии, во Граѓанскиот 26, во Алелација 20. Речиси нема суд во Македонија којшто не се соочува со овој проблем. Недостасуваат повеќе од десетици судии во сите градови ширум земјава.

Оваа состојба Судскиот совет со години ја надминува делегирајќи судии од еден град во друг, за да може да функционираат. Но, и со препраќање на судии по други градови, во блиска иднина нема да може да се решава проблемот, коментира претседателот на Судски совет, Александар Камбовски.

Реклама

„Тука станува збор за години кои што поминале без да се води грижа за бројноста на кадарот за бројноста на судиите и начинот како тие по природен пат нели заминуваат во пензија, ќе бидат повторно повторно пополнувани тие испразнети места. Некои некаде затаил во изминативе години, во изминатите седум осум десет години и воопшто не се примаа нови кадри во академијата и сега во моментов дојдовме ние да немаме кадри, готови да можеме да бираме низ основните судови“, рече Александар Камбовски, претседател на Судски совет.

Ниту капацитетот Академијата за судии и обвинители не може да го реши овој проблем. За судија да суди тешки кривични дела му треба стаж од 5 години, а новоизбраните кандидати од Академијата не ги исполнуваат овие критериуми.

Не само што нема доволно кандидати, туку и последната спорна генерација од 130 кандидати што влегоа за време на избори, ќе ја завршат обуката со големо доцнење. Голем предизвик е како ќе се реши состојбата во судовите со кадар, појаснува Камбовски.

„Имаме страшен недостаток на судии, како и во Скопје, во двата најголеми суда, но таа се чувствува и во сите останати судови низ државата, а да не зборувам дека одредени мали судови немаат ниту еден судија. И тој проблем години наназад се решава со делегирање на судии од други судови, што ќе се согласите и не е некое решение добро и квалитетно, меѓутоа подобро е од никакво решение“, рече Александар Камбовски, претседател на Судски совет.

Судиите се правдаат дека недостигот на кадар придонесува за доцнењето на предметите и губењето доверба кај граѓаните во правниот систем.

Сепак, Македонија има повеќе судии отколку што се бара со европските стандарди. Ова на прв поглед изгледа парадоксално, но причината за овој недостиг е поради вишокот предмети, кои се уште не се обработени и за кои нема конечен епилог, што може да доведе до застарување.

Паула Костадиновска