Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Анкета – граѓаните се најзадоволни од работата на судската полиција, за брзината на постапките судиите добија „кец“

Брзината со која постапуваат скопските судови, е најголемата мака на граѓаните. Недоволен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзината со која постапуваат скопските судови, е најголемата мака на граѓаните. Недоволен еден за нивната ажурност за судските предмети. Ништо подобро, судовите не стојат ни во поглед на корупцијата за која 40 отсто од граѓаните сметаат  дека ја има, повикувајќи се на искуствата на роднини и пријатели. Девет проценти се соочиле со коруптивно барање, а од нив, на три отсто, судија,  директно, им побарал мито. Средната оценка на задоволство од судските услуги е 3,1, а највисока оценка од граѓаните добила судската полиција.. Сето ова е содржано во анкетата што ја спроведеа Коалицијата „Сите за правично судење“ и Здружението на судии.

Поразителни се ваквите резултати, дециден е министерот за правда, Игор Филков.

  • „Бројките се во рамките на очекуваното и се лоши. Да ги анализираме, да ги разгледаме и да видиме како понатаму, ова е поразително“, рече тој.

Довербата од два проценти во судството е апсолутна бројка вели претседателот на Здружението на судии, Иван Џолев. Според него таква доверба имале правосудните системи и во речиси сите земји членки на ЕУ. За Џолев анкети, како денешната,  треба да бидат водилка во унапредувањето на ефикасноста на постапките, транспарентноста и зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.

Реклама

20 процените од испитаниците стекнале полоша перцепција откако имале директен контакт со скопските судови, но на што се должат ваквите оценки треба да има дополнителни истражувања, сметаат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Анкетата е спроведена на 1100 испитаници во декември лани и опфаќа различни аспекти како пристап до суд, квалитет на услуги, јавност и транспарентност, и борба против корупција.

https://youtu.be/3LB0JnVRUS8