Седум години на власт, седум години живеачка од ден на ден. Железни опинци никој не облече, ниту пак стандардот се подобри. Ветувањето на Зоран Заев за просечна плата од 500-тини евра статистички е исполнето, но во реалноста народот е посиромашен, и статистички и реално.
„Повеќе место за изговор нема, Македонија има капацитет. Веруваме дека ќе ја биде државата ако народот има пари. Народот е економски немоќен и бара излез за достоинствен живот. Железни опицни ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има“, рече Заев.
Пет години по ова ветување, ниту народот е економски помоќен, ниту ја бидна државата. Народната „Ако баба лаже, трап не лаже“ се гледа во бројките.

Просечната плата во 2018-та година била 25.784 денари, а минималната синдикална кошничка 32.671 денар. Тоа значи дека со една плата можеле да се наполнат 79% од кошничката.
Во 2024-та просечната плата е 39.998, но затоа кошничката е дури 57.476 денари, па со една плата се полнат само 69%.
Тоа значи дека откако ДУИ и СДСМ се на власт просечниот стандард не само што не е подобрен туку е влошен и тоа токму за 10 процентни поени.
Ако се споредува просечната пензија, состојбата е уште пострашана зашто пензиите не пораснаа толку колку платите.
Година Потрошувачка кошничка Просечна плата
2018 32 671 25 784
2019 32 732 26 836
2020 33.696 28 294
2021 35.042 29 943
2022 43.163 34 364
2023 56.522 39 998
2024 57.476 39 998
Ама човекот кој го наследи Зоран Заев, без да биде избран од народот, после пет години се фали на сите страни дека предвреме го исполните ветувањето, без притоа да споменат дека во просекот влегуваат и платите на функционерите кои се покачени за 78 отсто.
Со вакви правилни политики и грижа за сите во државата, Владата предводена од СДСМ во мојот мандат предвремено го реализираше ветувањето за просечна плата од 500 евра. Денес просечната плата е над 630евра. И не само просечната, го остваривме и ветувањето за минимална плата, порача Ковачевски.
Според Ковачевски, сега ни било далеку подобро, ако заработувате минималец може да јадете квалитетен бурек
Или ако во бурек сакате да пресметате, во тоа време со една минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес може да се купат 270 четвртини бурек. И тоа добар бурек во Куманово, рече Ковачевски.
Сепак, и бурек математиката на Ковачевски не држи. Сега тој е 80 денари па со една минимална плата која е 22.500 може да се купат 281 четвртина. Пред седум години четвртот беше 35 денари па можеа да се купат 288 четвртини со минамлецот кој беше 10.080 денари.
Освен за бурек, бившиот премиер беше кулинарски спремен и за десерти
– Ќе видиш сега ја какви палачинки правам – рече Ковачевски при посета на маркет
Филмот за добра живеачка изгледа се прикажува само на Бихаќќа и очигледно на граѓаните не им се допаѓа . Секојдневното купување на намирници за нив е математичка пресметка – две пиперки помалку за домат повеќе.
Власта се фали со растот на минималецот, но никако да признае дека таа дополнително ја поттикна инфлацијата за да купи социјален мир правеше корекции на платите во време на ковид, енергетска и економска криза.
