Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Делчево започнаа тридневните настани по повод одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј

Во Делчево со свечена академија синоќа започнаа тридневните настани по повод одбележување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево со свечена академија синоќа започнаа тридневните настани по повод одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, при што беше упатен и јавен повик за доизградба на соборната црква во градот.

Градоначалникот Иван Гоцевски во своето обраќање истакна дека обврска на сите граѓани е да придонесат за завршување на храмот, кој, како што нагласи, ќе претставува духовен центар, место на молитва и траен симбол на почитта кон светителите.

Тој ја актуелизираше донаторската акција и ги повика граѓаните, општествено одговорните компании, иселениците и сите почитувачи на делото на Кирил и Методиј да донираат средства согласно своите можности.

Реклама

Настанот го отвори претседателот на Советот, Николчо Стојменовски, кој ја потенцираше важноста од зачувување и негување на македонскиот јазик и духовното наследство на солунските браќа. Тој истакна дека современите генерации имаат света должност да ја продолжат нивната мисија и да останат доследни на вредностите што тие ги поставиле.

На присутните им се обрати и епископот Марко, кој зборуваше за значењето на кирилометодиевската традиција и потребата од нејзино почитување и пренесување на идните генерации.

Чествувањето продолжи со промоција на книгата „Св. Кирил и Методиј“, со промотор монахиња Ирина, како и со концерт на црковно византиско пеење во изведба на хорот „Света Злата Мегленска“ од Скопје.

Во текот на денешниот ден предвидена е црковна литургија во храмот Св. Кирил и Методиј како и литија до параклисот Св.Климент Охридски.