Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Македонија

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште

Заврши изградбата на детското игралиште во Центар Жупа, изградено од Општина Центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши изградбата на детското игралиште во Центар Жупа, изградено од Општина Центар Жупа, во соработка со УНДП, што е прво од ваков вид на територијата на оваа општина.

Игралиштето веќе е ставено во функција, бидејќи се завршени сите предвидени активности околу партерното уредување и поставување на урбаната опрема и детските реквизити.

-Станува збор за општински проект реализиран со поддршка на УНДП, а делумно финансиран и од општината преку локалниот буџет, за што се потрошени 3,8 милиони денари. Покрај игралиштето, имаме и зелена површина со клупи, каде може да престојуваат и поозрасните наши сограѓани, а изградивме и паркинг места, рече, Аријан Ибраим, повереник со надлежности на градоначалник.

Реклама

Искрено, додава тој, вакво детско катче е долгогодишна потреба, за среќа е веќе реализирана, што предизвика голема радост кај децата кои сега имаат соодветно место каде ќе може да минат пријатни мигови.

Детското изгралиште се наоѓа веднаш до основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ и во близина на општинската зграда.