Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Прилози

Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век

Локалитетот „Беш тепе„ кај карбинското село Радање, ќе  влезе во светската археолошка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалитетот „Беш тепе„ кај карбинското село Радање, ќе  влезе во светската археолошка мапа. Монетите и керамички експонати кои археолозите, ги пронајдоа   во ѕиданата гробница,  која датира од крајот на II и почетокот на III век,  ја збогатуват понудата за археолошки туризам во државата, сметаат археолозите. Дополнително, интересен е фактот што пред десетина години на истиот локалитет  е откриена уште една гробница, за која се претпоставува дека и во неа  бил погребан голем великодостојник.   

 „Кога се откриени ваквите ретки наоди, би сакале во наредниот период да поднесеме проект за конзервација. И на тој начин да се добие уште една археолошка туристичка понуда во Карбинци. На тој начин покрај археолошкиот локалитет Баргала и овие две гробници да останат вака како што се, да бидат достапни за пошироката, но и за стручната јавност„ изјави археологот Митко Штерјов.

Уникатноста на гробницата е во нејзината структура. Досегашните искуства со могили на овие простоири се покриени само со земјена обвивка, но оваа е ѕидана и по тоа се разликува од останатите. На врвот на могилата бил направен посебен простор  со редени камења, со првоаголна форма, каде што била поставена последната жртва на покојникот. Значајно за регионот е што има доста могили кои датираат од римскиот период

Реклама

„Штипскиот регион во кој исто така се бројува и Конче, се издвојуват по тоа што заразлика од останатите краишта на Македонија, имаат голема концентрација на могили од римскиот период. Овде во село Радање, се забележани могили од халштатскиот период.Ззначи во овој дел од Македонија, традицијата на погребување под могили  се забележува и во римскиот период„ изјави археологот, Ване Секулов

Во новооткриената могила која е висока скоро четири метри, погебани се три индивидуи. Покојниците биле спалувани, а гробната јама пред попложувањето на покојникот била горена за да се исчисти од злите духови.

Александра Ристевска