Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Во Битола промовирана книгата „Приказните од Широк сокак“ од авторот Зоран Ѓоргиев

Зоран Ѓоргиев, публицист и истражувач од Битола ја промовира книгата „Приказните од Широк сокак“, во која е фокусиран на куќите на главната битолска улица и старите битолски фамилии чии судбини, како што посочува авторот Ѓоргиев, се вткаени во Широк сокак. На промотивниот настан во Битола, авторот Ѓоргиев истакна дека Широк сокак отсекогаш бил повеќе од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Ѓоргиев, публицист и истражувач од Битола ја промовира книгата „Приказните од Широк сокак“, во која е фокусиран на куќите на главната битолска улица и старите битолски фамилии чии судбини, како што посочува авторот Ѓоргиев, се вткаени во Широк сокак.

На промотивниот настан во Битола, авторот Ѓоргиев истакна дека Широк сокак отсекогаш бил повеќе од улица, тоа е место каде се среќавале генерации, каде се раѓале љубови и пријателства, каде се воделе разговори што траеле со часови и каде секој камен има своја приказна.

-Кога започнав да ги истражувам старите битолски семејства, куќи, дуќани и личности, не ни претпоставував дека тоа ќе прерасне во книга. Секоја приказна што ја запишав започна со нечиј спомен. Со стара фотографија пронајдена во фиока. Со пожолтен документ. Со раскажување на некој дедо или баба кои сакале нивната приказна да не биде заборавена. Со текот на времето сфатив дека Битола поседува огромно богатство. Не во злато, не во скапоцености, туку во своите луѓе и нивните сеќавања. Многу од личностите кои се спомнати во оваа книга повеќе не се меѓу нас. Многу куќи исчезнале. Многу дуќани одамна ги затвориле своите врати. Но приказните останале.Токму затоа оваа книга постои. За да остане траен запис за едно време. За да можат младите да дознаат каква била Битола. За да можат постарите да се потсетат на дел од својот живот. И, за да не дозволиме спомените да исчезнат заедно со генерациите што си заминуваат, истакна Ѓоргиев.

Реклама

За време на промоцијата, авторот јавно се заблагодари на сите кои помогнаа во создавањето на книгата, на сите семејства кои ги отвориле своите албуми и со него споделиле фотографии, документи и сеќавања.

-Им благодарам на сите кои ми веруваа дека нивните приказни ќе бидат зачувани на вистински начин. Особено сум среќен што меѓу нас има луѓе кои лично ги паметат многу од настаните и личностите опишани во книгата. Битола отсекогаш била град на културата, град на конзулите, град на уметноста и град на спомените. Наша обврска е тоа богатство да го сочуваме. Верувам дека секој град живее онолку долго колку што живеат неговите приказни. А, Битола има уште многу приказни за раскажување, нагласи Ѓоргиев.

Во книгата „Приказните од Широк сокак“, читателите може да прочитаат за францускиот композитор Раул Винеј и неговиот незаборавен музеј на Широк сокак, за хотелите „Босна“ и „Централ“, за куќите на познати семејства од Битола меѓу кои и една од најсликаните куќи на Марика и Климент Спростран, која уште ја нарекуваат архитектонска убавица на Широк сокак.