Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Во Битола презентиран регионален план за управување со отпад

Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот регион денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот регион денеска во Битола одржа седница на која беше презентиран регионалниот план за управување со отпад.

Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски нацрт-верзијата на Регионалниот план за управување со отпад ќе даде конкретен придонес кон воспоставување поефикасен, одржлив и функционален регионален систем за управување со отпад.

-Пред нас е една сериозна промена во начинот на кој управуваме со отпадот во целиот регион. Тоа ќе значи подобри услуги за граѓаните, почисти и побезбедни заедници и подобра заштита на животната средина. Секој од нас има своја улога во тој процес, а резултатот ќе зависи од тоа колку добро ќе успееме тие улоги да ги поврземе и да работиме како еден систем. И затоа многу е важно е да имаме заедничко разбирање дека Регионалниот план за кој ќе зборуваме денес не е само уште еден обичен документ, ниту пак Регионалниот систем е само прашање на изградба на нова инфраструктура или набавка на опрема. Инфраструктурата сама по себе не може да го реши проблемот со отпадот. Новиот систем ќе биде целосно функционален само кога инфраструктурата, услугите кои се нудат, ние како институции и општини, и секако граѓаните кои го користат системот ќе работиме сите заедно кон остварување на заедничка цел, посочи Коњановски.

Реклама

Од Општина Битола соопштија дека на седницата бил презентирана нацрт верзијата на Регионалниот план за управување со отпад, како и комуникациските аспекти на планот и вклученоста на јавноста, а претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на САЛАР Интернационал говореле за статусот на проектот за регионалниот центар за отпад и обиколниот пат во Новаци, за претоварните станици и набавка на возила и опрема.