Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Во Битола потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и УКЛО

Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.

Значајна димензија на овој Меморандум е дигиталната трансформација на здравството, соопштија потписниците по завршувањето на денешната заедничка средба.

– Водени од потребата за меѓусебна координација и партнерство, ја продлабочуваме соработката со цел поефикасно спроведување на законски утврдените обврски. Овој чин претставува јасна потврда на нашата заедничка определба за институционална соработка и на заедничката визија за модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека ова партнерство ќе донесе конкретни резултати – подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем во служба на граѓаните, изјави министерот Азир Алиу.

Реклама

 Преку примена на современите технологии, заеднички ќе работиме на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги во нашата држава, информираа од Министерството за здравство.