Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

Општина Берово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Берово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската Унија.

Целта на програмата е зајакнување на соработката меѓу општината и граѓанските организации, преку транспарентна распределба на средства и поголемо учество на граѓаните во процесите на креирање јавни политики на локално ниво. Право на учество имаат граѓански организации кои ќе аплицираат со проекти во следните приоритетни области: локален економски развој и туризам, култура и културно наследство, социјална заштита и човекови права, животна средина, енергетска ефикасност и климатски промени, како и млади и спорт.

-Во периодот на траење на јавниот повик ќе бидат организирани инфо сесија, дводневна обука и менторска поддршка за сите заинтересирани граѓански организации. Инфо сесијата и првиот ден од обуката ќе се одржат на 9 февруари 2026 година во Хотел „Манастир“ во Берово, со почеток во 11 часот, додека вториот ден од обуката е закажан за 10 февруари 2026 година, со почеток во 9:30 часот, информираа од Општина Берово.

Реклама

Првата менторска средба како што додадоа ќе се одржи на 16 февруари 2026 година, а термините за останатите менторски средби ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата на Општина Берово.

-Прашања поврзани со јавниот повик може да се достават електронски на е-мејл адресата [email protected], со назнака за ReLOaD3 програмата, најдоцна до 25 февруари 2026 година. Одговорите ќе бидат доставени по електронски пат во рок од три дена од приемот на барањето, додадоа од Општината.

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на Општина Берово и УНДП, како и на огласната табла во општината, во рок од 45 работни дена по неговото затворање. Само организациите чии апликации ќе бидат избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат.

Рокот за поднесување апликации е до 5 март 2026 година.