Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Во „Аџибадем Систина“ успешно направени две кардиохируршки операции покриени од ФЗОМ кај деца помали од една година

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се извршени две кардиохируршки интервенции кај деца…

Сподели:

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се извршени две кардиохируршки интервенции кај деца во Одделот за детска кардиохирургија, предводен од единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава Владимир Чадиковски. Двете операции се покриени од државниот Фонд за здравствено осигурување, а во болницата која е регионален лидер беа извршени со поддршка на исклучителни професионалци, специјалисти од болниците на „Аџибадем“ од Истанбул.
Двете деца кои се оперирани се деца под една година, односно бебиња на девет и 11 месеци. Кај нив биле дијагностицирани сериозни вродени кардиолошки аномалии, односно едното било со дијагноза вентрикуларен септален дефект и изразена пулмонална хипертензија, додека другото е со суправалвуларна аортна стеноза. Операциите траеја од 4 до пет часа, но децата десет дена по оперативниот зафат се пуштени на домашно лекување.
Д-р Чадиковски вели дека децата се постоперативно добро и им посакува побрзо да се вратат во нормална секојдневна динамика на животот.
Операциите се изведени под надзор на професор д-р Тајар Сариоглу од „Аџибадем“ од Истанбул, кој се смета за основополжник на детската кардиохирургија во Турција.
„Аџибадем Систина“ со овој тип интервенции кај деца, кои од неодамна се покриени и од државниот фонд, докажува дека е од рангот на светските клинички болници во кои се изведуваат сериозни кардиохируршки интервенции кај деца.

 

Реклама