Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во 21 век ниту Европа не е имуна на закани од тероризам, се помлади луѓе се притиснати да дејствуваат со идеологијата на исламизмот

“Не судениот” терористички напад во Виена е уште еден доказ дека Европа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Не судениот” терористички напад во Виена е уште еден доказ дека Европа е атрактивна за напади – алармираат безбедносните експерти. Според нив, исламистичкиот тероризам ги загрозува безбедноста и слободата во многу западни земји. Професорот Методи Хаџи Јанев предупредува на внимателност,  вели дека сите оние кои ќе влезат во тој системот на радикализација, тешко се одлепуваат, не само поради идеологијата, туку и поради материјалната корист.


“Овие видови на закани всушност претставуваат ноќен кошмар за безбедносните власти но и за политичките елити, поради тоа што тие асиметрично ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, особено заради тоа што ги користат и ги есплатираат отворените општества.Овој вид на радикализам, во голема мерка самиот регион беше извозник или безен на вакви екстремисти на боиштата во Ирак и Сирија и секако катастрофалниот пристап до решавањето на проблемите со нив по враќањето на повратниците.Ниту Македонија ниту Балканот не се умуни до крај ниту безбедни уште повеќе поради тоа што регионот се соочува со сериозни екномски проблеми па лидерите се соочуваат со предизвик каде да го стават акцентот” – вели професорот Методи Хаџи Јанев.

Загрижувачки е тоа што тероризмот се враќа на голема врата, а со тоа доаѓа и нова генерација на терористи велат познавачите.Осомничените за не успешниот обид за терористики напад во Виена се сите тинејџери. Најмладиот има 15 години а најстариот, организаторот има 19 негововите родители се по потекло од Гостивар, но тој во Mакедонија не бил никогаш.Според професорот Стефан Буџакоски сега се’ помлади луѓе се притиснати да дејствуваат и размислуваат во согласност со идеологијата на исламизмот.

Реклама

“Како што е случајот во Австрија, окрија на време и спречија терористички акт кој сам по себе би оставил големи последици.Покраj актот би се случиле и дополнителни работи како стампедо каде што би можеле да има многу жртви всушност тоа е целта на тероритичките напади негативно да влијае на граѓаните на Европа” вели професорот Стефан Буџакоски.

Инаку, ова не е прв случај на терористички напад во којшто бил инвовиран и напаѓач со потекло од Македонија. При атентатот во Виена, кој се случи во 2020 година, беа убиени четири лица, како и еден напаѓач, кој потекнува од македонското село Челопек. Европа изминативе години имаше бројни крвави напади. Во 2022 година имало 16 во седум различни земји членки. Италија забележала најмногу напади -12, иако сите имале радикално левичарско или анархистичко потекло.Истата година имаше и два исламистички напади во ЕУ.