Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Војната удри по туризмот – македонските граѓани со намален интерес за туристички патувања за Турција и Кипар

Војната на Блискиот Исток, не влијае само на цените на горивата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Војната на Блискиот Исток, не влијае само на цените на горивата и проиводите, туку и на туризмот –  стравот од проектили и ширење на конфликтот влије врз плановите за летување на повеќето македонски граѓани. Војната создава чувство на несигурност кај поголемиот дел од нив, а близината на конфликтот е доволна за многумина да се двоумат дали да уплатат и патуваат до познатите дестинации како Турција, Кипар, Египет.

„Како што е не планираме, посебно за Кипар, ситуацијава е за дома да си седиш. Не би патувала баш овој период.“

Сепак, граѓаните не се откажуваат од нивниот летен одмор, но внимателно ги бираат дестинациите. Како опции ги споменуваат Грција, Шпанија, Црна Гора или Хрватска, каде што гледаат поголема сигурност.

Реклама

„Па веќе кога би планирал летување подалеку од регионот тоа би било Западна Европа. Најчесто во Грција…“

Иако туристичките аранжмани кои ги нудат агенциите во Турција, Кипар и Египет функционираат нормално и нема официјални забрани или ограничувања, сепак граѓаните се претпазливи. Од туристичките агенции пак уверуваат дека турите се реализираат без никакви проблеми и нема простор за паника. Сепак, во разговор со дел од туристичките работници, тие признаваат дека кај овие дестинации има пад на интересот, посебно во овој период на попусти за рани уплати.