Реклама
Прилози

Внуците на Ахмети, дипломатскиот службеник на амбасадата во Брисел Бесиан Ахмети и неговиот брат Дрин, осомничени во случајот за злоупотреба на концесија

Нов криминален скандал во кој е вмешан познатиот внук на Али Ахмети,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов криминален скандал во кој е вмешан познатиот внук на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој без вложен денар стана коспоственик на деловниот центар Соравија. Тој и неговиот брат Бесиан Ахмети, кој инаку е дипломатски службеник во амбасадата во Брисел се сомничат за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево.

Двајцата браќа, се соочуваат со правни последици поради неплаќање на државни давачки во рамки на нивното раководење со фирма за експлоатација на варовник…. Штетата од злоупотребата е над 1,6 милиони денари односно околу 27 илјади евра. МВР им поднесе ктривична пријава.

Покрај нив, пријавени се и седум други лица, од кои петмина се вработени во Министерството за економија и двајца во Државниот инспекторат за техничка инспекција, поради пропусти во вршењето на надзорот и утврдувањето на неплаќањето на обврските од страна на фирмата.

Реклама

„Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на чл. 75 ст. 1, 2 и 3 од Законот за минерaлни суровини и чл. 11 од Договор за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и Владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија“, велат од МВР.

Станува збор за концесијата која ја добила фирмата Еверест ЏД и во која актуелниот дипломат во Брисел , Бесиан Ахмети бил директор до 2017-та. Потоа ја презел неговиот брат добро познатиуот на јавност Дрин Ахмети, кој продолжи да ја злоупотребува концесијата.

МВР соопшти дека и покрај пропустите, наместо да добие забрана, фирмата Еверест конкурирала и добила неколку тендери вредни околу 140 илјади евра, од кои два од ЕСМ. Седиштето на фирмата Еверест се наоќа во Соравиа, чија купопродажба е во тек и се изведува од страна на групација предводена од Дрин Ахмети.

За потсетување Дрин Ахмеди, внук од братот на познатиот Али Ахмети, стана значаен фактор во деловниот свет на Македонија откако стана  газда на „Соравија“ од каде предизборно се повлече.  Обвинителството се уште истражува како тој стана сопственик на милионски капитал, без да вложи ниту денар. А нема завршница ниту  за случајот кога беше фатен со полн гепек петарди и приведен од полицијата.

Неговиот брат, Бесиан Ахмети пак доби значајно внимание кога тогаш опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ изнесе тврдења дека тој бил именуван за прв секретар во македонската амбасада во Брисел на незаконит начин. Бесиан Ахмети бил вработен во Министерството за економија во мај 2022 година како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, и само по 10 месеци, преку интерен оглас, се префрлил во Министерството за надворешни работи.

Љубиша Владимиров