Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спортот беше оставен во руини токму од СДСМ, а сега сакаат да глумат спасители

СДСМ и грижа за спортот? Тоа е како да зборуваме за зимата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и грижа за спортот? Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека СДСМ биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДСМ, а сега сакаат да глумат спасители.

Прво, ги прашуваме:

Реклама

Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа?

Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа?

Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка.

Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот.

СДСМ повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни:

– Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки.

– Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“

И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДСМ – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија.

Спортот нема да биде ваш политички заложник.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДСM!. додаваат од партијата.