Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се јави во одбрана на својот криминал, дали станува сѐ повеќе клаустрофобичен

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на јавната објава на поранешниот премиер Зоран Заев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на јавната објава на поранешниот премиер Зоран Заев, во кое, како што велат, тој се јавува во одбрана на својот криминал, по заплените на дрога поврзани со фирми од неговата родна Струмица. Од партијата наведуваат дека луѓе блиски до Заев и до Венко Филипче добивале лиценци за одгледување канабис за медицински цели, кои наместо за таа намена биле користени за нелегална продажба на дрога.

„Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата ‘ЦБД Медплант’, во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото“, се наведува во соопштението. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев е „таткото на бизнисот со канабис“ и бараат тој јавно да одговори дали неговото семејство и блиски луѓе се вклучени во овој бизнис, како и како стигнал до златна виза во Дубаи.

Партијата наведува и дека постојат сведоштва од негови поранешни соработници за наводна изградба на облакодери во Дубаи, а во соопштението додаваат дека Заев, како што велат, „станува сѐ повеќе клаустрофобичен од одговорноста“.

Реклама

Претходно, Заев во објава на Фејсбук реагираше на, како што наведе, континуираните лаги, клевети и навреди од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините претставници, кои, според него, траат веќе пет години откако се повлекол од политиката. Тој побара јавно извинување од пратеникот Бране Петрушевски и од партијата, особено за, како што рече, злоупотребата на неговото име во случајот со конфискацијата на медицински канабис.

„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Лага е и дека сум се јавувал во Царинската управа, како и другите измислици дека градaм облакодери во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев или дека се мешам во работата на институциите“, напиша Заев, додавајќи дека доколку не добие извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесе тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ.