Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо решенија во пресрет на училишната година, нуди проблеми

Зоран Заев и неговите министри во услови на пандемија со КОВИД-19 наместо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Заев и неговите министри во услови на пандемија со КОВИД-19 наместо решенија за проблемите и предизвиците, тие системот го доведоа до колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо скрининг на вработените и обука за работа во услови на корона пред отворањето на градинките приоритет ставија на личните и партиските интереси.

-Сега поради негрижата на Владата на СДСМ речиси секој ден слушаме за заболени деца од градинките, за заболени лица кои работат во истите што води кон сериозен проблем во и онака лошата ситуцаија со корона кризата. Заборавено и со низа на проблеми остана и образованието. Владата на СДСМ го одложи и стартот на учебната година која имаше време да ја подготви, но наместо на тоа акцентот го ставија на предизборен поткуп и на лични и партиски интереси. Негрижата кон младите резултира со тоа децата да немаат прецизни насоки за тоа кој и како ќе ја следи наставата, води до тоа 40 илјади деца да немаат можност да ја следат онлајн наставата. Незаинтересираноста за образовниот процес резултира со тоа што обуките за наставниот кадар и на помалку од десет дена од предвидениот старт на учебната година да не се ни почнати, се наведува во соопштението од партијата.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека владата предводена од СДСМ и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговите министри го ги направија нефункционални здравствените институции, градинките и обраовните институции. Одговоро немаат ни за колабираната економија. Зоран Заев и неговите министри не се решение на проблемите, тие ги создаваат проблемите.