Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци, ЈО веднаш да го истражи случајот

Последните сведоштва во јавноста на д-р Жан Митрев се уште еден доказ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните сведоштва во јавноста на д-р Жан Митрев се уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДСМ на чело со кланот Заеви и нивниот спотер, кој ја чува фотелјата на „Бихаќска“, Венко Филипче, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Во екот на ковид-пандемијата, кога граѓаните се бореа за живот, Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.

Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја преземат приватната болница „Жан Митрев“.

Реклама

Заев и Филипче, освен притисокот и уцените, ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.

Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност, што претставува организиран грабеж.

Дополнително, уште пошокантен е фактот, кој, според кажувањата на Жан Митрев, по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.

Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев – Филипче и скандалите, како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.

Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и на Филипче.

Дали вака за СДСМ изгледа европска Македонија, која ја ветуваат?

Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДСМ сакаат повторно некогаш да ја управуваат државата?

Венко Филипче, по сите афери и скандали што се врзуваат со неговото име, нема кредибилитет да биде на политичката сцена.

По вакви скандали, доколку Филипче би имал морал и доблест, веднаш би си поднел оставка.

ЈО да не молчи.
ЈО веднаш да го истражи случајот.
Одговорност и правда мора да има.