Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана Димитријевиќ нека го праша Филипче

За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана, генералниот секретар на СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, нека го праша Венко Филипче, кој, според ВМРО-ДПМНЕ, панично ја напуштил државата на 2 февруари и се упатил кон јужниот сосед. Од партијата велат дека Филипче е во отворена комуникација и на команда од Зоран Заев и прашуваат дали и каков состанок имал со поранешниот премиер.

„Јавна тајна е дека семејството Заеви е вклучено во бизнисот со марихуана. Сосема случајно или не, во Струмица се конфискувани над 30 тони марихуана кај лице советник на Заев и СДСМ“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога, која од Македонија завршила во Србија, води директно до врвот на власта и дека веќе цела недела нема одговор како толкава количина поминала преку македонската граница.

Реклама

„Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус. Од јавно објавените фотографии се гледа дека дрогата била пакувана во големи картонски кутии со по 4 до 5 килограми марихуана, што значи многу пратки и многу возила. Пет, десет, можеби и повеќе камиони требало да ја поминат границата. Како?“, рече Димитријевиќ.

Тој нагласи дека без поддршка, заштита и логистика од институциите ваков шверц не би бил можен и праша каде се камерите на „Safe City“, полицијата, мобилната царина и контролите. Димитријевиќ посочи и дека МВР молчи за тоа како 5 тони дрога поминале преку границата, но истовремено објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава, што, според него, повторно ја лоцира одговорноста кај власта.