Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата даваат резултати

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии, а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците.

Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%.

За разлика од периодот  на СДСM кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%.

Реклама

Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан.

Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДСM со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.