Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДСМ нема што да понуди на граѓаните сее паника

Талогот од СДСМ на чело со Филипче кога нема што да понуди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСМ на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДСМ да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Очајниот потег на СДСМ преку своите партиски послушници на социјалните мрежи да шират дезинформации за водата во Скопје дека наводно е небезбедна го надминува секое дно.

Венко Филипче да не си поигрува со здравјето на граѓаните и да не си прави експерименти додека е на јахтата на неговиот ментор Заев и ужива во луксузот на Егејот.

Реклама

Очајните обиди на Филипче и СДСМ за ширење на дезинформации и креирање на паника помеѓу населението е директен доказ дека СДСМ нема што да понуди на граѓаните ниту пак имаат план и визија за државата.

Водата во Скопје е безбедна за пиење и тоа веднаш го потврдија сите надлежни институции. СДСМ да престане да ја користи јавната безбедност за дневнополитички цели. Здравјето и безбедноста на граѓаните не се средство за политичко профитирање.

СДСМ и Венко Филипче наместо да сеат паника и шират дезинформаации нека се обидат да се соочат со сопствената политичка испразнетост. Граѓаните имаа можност на дело да го видат целиот талог од СДСМ кој излезе на виделина.