Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ лицемерието на сцена, откако го покачија ДДВ на околу 1500 прехранбени производи, сега лијат крокодилски солзи за негово укинување

СДСМ нема мерка до каде може да оди со неговото лицемерие. СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ нема мерка до каде може да оди со неговото лицемерие. СДСМ се тие коишто направија се да се покачат цените на производите, кои го уништија стандардот на граѓаните и го опљачкаа народот, сега лицемерно глумат загриженост, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога веќе СДСМ реди производи и нивните цени, добро би било да ги нареди и да пресмета за колку се покачија цените на производите на кои тие го зголемија ДДВ.

СДС можеби заборави, но СДСМ е тој кој за време на неговото владеење го покачи ДДВ од 5 на 10% на околу 1.500 прехранбени производи. И откако поскапија 1500 производи, сега лицемерно бара негово укинување на околу 200 производи, кое нема да има никаков ефект врз цените.

Реклама

Да се грижеа СДСМ за граѓаните и за нивниот стандард, немаше да ја пљачкаат државата и да ги уништуваат сите пори на општественото живеење.

Да имаше СДСМ добри економски политики, немаше да остави уништена и во слободен пад економија и над пола милион граѓани на прагот на сиромаштија, кои денот го поминуваат со по 150 денари.

Кога од СДСМ зборуваат за платите, ако не се информирани, да ги потсетиме.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги покачи платите на сите вработени во јавно здравствените установи, кои за период од четири години предвидено е да достигне до 50%. По долги години, го зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите за 10%.

Зголемување на платите од 7% добија и сите вработени во основните и средните училишта, кои до завршување на мандатот предвидено е да се зголемат за 46%.

Согласно закон, се зголеми и минималната плата, а линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери за 5.000 денари“, додадваат од партијата.

Во соопштението потенцираат дека, паралелно на ова, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за зачувување на стандардот на граѓаните преку ограничување на маржите и цените, како и мерката, односно законското решение кое е на сила, со кои трговците се обврзани цените на производите да ги истакнат на нивните веб страници. Пракса која во Израел и Хрватска се покажа како доста успешна.

Понатаму ќе следи заживување и раст на економијата со постојани инвестиции, кои ќе овозможат подобар животен стандард и услови за понатамошно одржливо покачување на платите на сите вработени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.