Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Почна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка

Почна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид денеска учествуваше во првата фаза од порибувањето.

Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено порибување со 100 илјади единки охридска пастрмка, произведени од вештачкиот мрест во 2025 година.

Како што информира МЗШВ, подмладокот со кој се порибува Охридското Езеро во оваа фаза е со просечна тежина од околу 16 грама, а процесот ќе продолжи во текот на следните пет до шест дена.

Реклама

-Порибувањето се врши на локалитетите Трпејца, Пештани, Радожда, Калишта, Охрид и Струга. Станува збор за локалитетите од кои во текот на 2025 година беа уловени матици од природната популација на Охридското Езеро, од кои беше обезбеден репродуктивниот материјал за вештачкиот мрест. Со реализацијата на оваа фаза, ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид ја исполнува преземената обврска од договорот со Министерството за порибување со охридска пастрмка произведена од вештачкиот мрест во 2025 година. Целиот процес се одвива под надзор на надлежните институции, во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, наведува МЗШВ.

Процесот ќе продолжи и во септември, кога ќе почне порибувањето со околу 1,5 милиони единки охридска пастрмка, одгледани во ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид од вештачкиот мрест во 2026 година. Оваа фаза се очекува да трае околу три недели.

Во двете фази, Охридското Езеро ќе биде порибено со вкупно околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, како дел од активностите за обновување и зачувување на популацијата на овој автохтон вид, кој има особено значење за биолошката разновидност на Охридското Езеро.

Министерството нагласува дека во соработка со надлежните научни и инспекциски институции, ќе продолжи со активностите за заштита и обновување на популацијата на охридската пастрмка и зачувување на биолошката разновидност на Охридското Езеро.