Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Македонија

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево

Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светска банка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светска банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето кое се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна, бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посочи дека многу брзо ќе се распише тендер за завршување на првата фаза на болницата во Штип, бидејќи тој проект е во две фази.

– Прво се завршува новата зграда, а потоа се рушат дел од старите згради и се доградува дијагностичкиот дел на местото каде се сега дел од старите објекти. Еден стар објект ќе биде зачуван за палијативна нега, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. 

Реклама

Во врска со новиот Клинички центар рече дека треба да бидеме свесни и за финансиските и организациски аспекти и дека негов фокус како министер е прво да се заврши тоа што е пократкорочно.

Тој потенцира дека е распишан и јавниот повик за реконструкција на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, за што од 2017 година е раскинат договорот и не е пристапено кон завршување.

– Во однос на објектите и инфраструктурата мојот приоритет е најбрзо да ги завршиме тие што се најблиску до завршување и да се фокусираме на тоа. Проектот за болницата во Тетово е во напредна фаза. За сите три проекти Светска банка има свои прашања, одговори, комуницираме дневно, го формиравме тимот кој ќе работи на тоа. Тоа е во апсолутните приоритети. Објектот, кој е започнат во Кичево е преголем за сервисирање на таа општина, земајќи ги демографските промени таму и тоа мора да се земе предвид. Алтернативната локација е на земјиште во Министерството за одбрана во старата касарна на влезот во Кичево со идеја да се обезбеди полесен пристап на пациенти и амбулатни возила, додаде Клековски.