Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Филипче исчезна, го нема веќе 10-ти ден во јавноста, но празните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче исчезна, го нема веќе 10-ти ден во јавноста, но празните и паушални соопштенија и прес конференции на СДСМ се тука, па дури и засилија. ПР тимот работи активно, но ништо конкретно, како само да сакаат да покажат дека постојат. Секојдневно се објавуваат 10-тици соопштенија и кратки говори пред партиската камера, но конректи идеи нема, само празни и неосновани критики за се можно. Според познавачите жална е сликата која може да се види од некогаш големата и самопрогласена државотворна партија. Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, за Алфа вели дека социјалдемократите на овој начин само покажуваат неодговорност кога државата е соочена со проблеми, за кои треба сите да помогнат.

-Жална е оваа слика која што ја презентираат во јавноста со овие бледи, дури би рекол и јалови соопштенија и изјави на СДСМ. Била голема политичка, била и на власт и во опозиција, меѓутоа вака никогаш не се однесувале, на еден ваков начин, посебно не во ситуација кога со голем број на проблеми е соочена државата и таа како опозиција секогаш треба да излезе во пресрет на барањата, односно решавање на проблемите на граѓаните, изјави Кекеновски 

Според Кекеновски јасно е дека опозицијата треба да се обидува да и контрира на власта, но СДСМ  тоа го прави целосно како што не треба, односно со напади за кои нема никаков основ. За разлика од нив, работата и успесите на власта, односно проектите кои што се реазилизираат се видливи за секого.

Реклама

-Другиот дел од раководната постава на СДСМ се обидува да му парира на ВМРО-ДПМНЕ, односно се обидува со разни за жал дезионформации, полуинформации, инсинуации, постојано да напаѓа, да напаѓа, посебно онаму каде што нема никакви елементи. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ, на сето тоа излегува со конкретни резултати, со работа на терен и тоа го покажува успехот, изјави Кекеновски.

Според експертите критиката е неопходна во секоја демократија, но таа ја губи смислата кога однапред се негира секој позитивен резултат, само затоа што доаѓа од политичкиот ривал. Затоа, според Кекеновски наместо со дезинформации, полуинформации и создавање атмосфера на хистерија, со цел да се обезвредни сработеното и резултатите на власта, од опозицијата треба да се очекува поголема конструктивност преку предлагавање на нови или подобри решенија и конкретни предлози.

Матеја Петровски