Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Со воени почести и полагање венци на Партизанските гробишта и на вечните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со воени почести и полагање венци на Партизанските гробишта и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски, Киро Глигоров и генералот Михаило Апостолски, започна одбележувањето на 18 Август, Денот на Армијата. Министерот за одбрана Владо Мисајловски и делегации се поклонија пред борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија.

„Кон секој предизвик пристапуваме од исто стојалиште и иста перспектива. Носиме одлуки кои ќе нè направат посилни – се поддржуваме во секој момент и за доброто на секој војник, подофицер, офицер и вработен во Армијата. Резултатите од вложеното се видливи и тие се потврда дека се движиме во вистинска насока“, напиша на социјалните мрежи министерот Мисајловски, посочувајќи дека сите вработени во одбраната ќе бидат соодветно вреднувани.

Со воени почести, 34 години од развојот на Армијата во самостојна и суверена Македонија беа одбележани и во штипската касарна „Јане Сандански“.

Реклама

Низ овие 34 години Армијата се развиваше и модернизираше, потврдувајќи ја својата подготвеност да ја брани државата и да им служи на граѓаните.

„Нашата должност е јасна – да ја браниме татковината, да го чуваме нејзиниот суверенитет и територијален интегритет и, како одговорен член на НАТО, да придонесуваме кон заедничката безбедност и стабилност. Нека ни биде водилка традицијата на генерациите пред нас, а иднината нека ни биде мотив да бидеме уште подобри“, порача потполковник Ристо Стоев, командантот на Вториот пешадиски баталјон.

Од учество во мисиите на НАТО, до помошта дома, Армијата ја покажува својата подготвеност на дело. Во изминатиот период гаснеа пожари, помагаа при природни непогоди и им даваа поддршка на институциите по трагичниот пожар во Кочани. Вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба, додека утре, во кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв, ќе се одржи централната манифестација по повод 18 Август – Денот на Армијата.