Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул, пари добивале фудбалскиот клуб „Шкендија„ и кошаркарскиот клуб „Башкими„

Фитнес клубот Динамик Скопје, Македонското стоматолошко друштво МСД Скопје, фудбалскиот клуб Шкендија-Арачино…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фитнес клубот Динамик Скопје, Македонското стоматолошко друштво МСД Скопје, фудбалскиот клуб Шкендија-Арачино и кошаркарскиот клуб Башким, се офајдиле со милиони државни пари од касата на МЕПСО, објавија од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата ја објавија листата со имињата на компании кои се блиски до поранешната власт, а на чие конто завршиле милиони денари на име донации и спонзорства.

Од ВМРО ДПМНЕ јавно прашаа каква е поврзаноста на надлежноста на МЕПСО со донации и спонзорства на еден фитнес клуб, на чија сметка легнале дури 200.000 денари.

Реклама

„Фитнес клуб Динамик Скопје добило 200.000,00 денари? Зошто и каква е поврзаноста на надлежноста на МЕПСО со донации и спонзорства на фитнес клуб? Понатаму, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво МСД Скопје. Како, зошто и кој е основот за оваа донација? Кој е општествениот бенефит од оваа донација?“, изјави Марија Митева пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Дека поранешната власт ги трошела државните пари на МЕПСО без усул покажува и прмиерот со еден од примателите на донација, фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново, кој на 08.03.2024 година своето конто го збогатил со 300.000 денари.

„Примател на донација или спонзорство е и Шкендија-Арачиново со исплата на 08.03.2024 во износ од 300.000 денари. Дали раководството на АД МЕПСО добило карти во ложа за да го проследи натпреварот за цела сезона на овој клуб? Или пак, на КК Башким? Затоа што и за овој клуб се доделени средства во износ од 250.000 денари во месец март оваа година?“, изјави Марија Митева пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека поранешната власт наместо да инвестира во стабилизирање на енергетскиот сектор, за да може граѓаните да плаќаат пониски сметки за струја, преку поранешното раководство во компанијата, само на име донации и спонзорства, заклучно со јуни годинава, потрошиле 22 милиони и 712 илјади и 500 денари, односно десет пати повеќе од планираните 12-те милиони и 300 илјади денари.

Од ВМРО ДПМНЕ потсетија и на последниот скандал со 14-те милиони евра долг кој претходното раководство на МЕПСО му го отпиша на синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДСМ и ДУИ и прашаа зошто баш кај овие фирми завршиле народните пари и со која цел.

Од партијата објавија дека во наредните денови ќе ги објават сите ненаменски трошења од времето на поранешната власт.

Претходно од МЕПСО изјавија дека новиот менаџерски тим ќе ги преземе сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство и објаснија дека затекнале ситуација во која средствата се распределувале без соодветни критериуми.

Љубиша Владимиров