Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со брзоплети одлуки спротивни на експертското мислење го загрозува здравјето на граѓаните

Власта на Заев си игра со здравјето и животите на граѓаните. Спротивно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта на Заев си игра со здравјето и животите на граѓаните. Спротивно на насоките на Комисијата за заразни болести која препорача породилното отсуство да се продолжи до крајот на годината, Владата донесе одлука мајките да се вратат на работа порано. Со ова директно мајките се оставаат во ситуација да нема кој да се грижи за нивните деца, ако се има предвид дека согласно најавите на експертите тие не ги запишале децата во детските градинки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата истакнуваат дека дополнително согласно препораките на експертите државата не може да одговори во целост на потребните капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст, а од друга страна бара нивните родители да се вратат на работа. Детските градинки и во ваква состојба се соочуваат со големи проблеми и здравствени предизвици, а после ваквата одлука на Владата ситуацијата може уште повеќе да ескалира.

-Очигледно власта на Заев не само што не може да се справи со здравствениот аспект на кризата, туку не може да одговори и на предизвиците кои таа ги носи. Цели 6 месеци ги преспаа или беа фокусирани само на изборен поткуп и криминал, па сега со брзоплети одлуки спротивни на експертските мислења сакаат да прикажат најнова нормалност. ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги повлече овие непромислени одлуки и заедно со засегнатите, здравствените експерти и социолозите да донесе издржан план како ќе се одвива воспитно образовниот и згрижувачкиот процес на деца во предучилишна возраст, кога веќе тоа не го направи порано, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.