Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува партнер на работниците и преку заеднички дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија за раст на платите

Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови и долгорочни решенија за зголемување на платите на работниците и го унапредува социјалниот дијалог, а резултати се видливи и мерливи, се наведува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодт од две години преку колективни договори со важност до 2028 година се регулираа повеќе од 95 проценти од односите со вработените во јавниот сектор, со што се обезбедуваат стабилност, предвидливост и сигурност за илјадници вработени.

Историски чекор е направен и во администрацијата, така што првпат по долг период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административните службеници, кон кој се приклучија и други синдикални организации, со што се создава основа за системско подобрување на статусот и материјалната положба на вработените во администрацијата.

Реклама

Образованието е еден од секторите каде што има значителен раст на платите, така што од преземањето на обврската Владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, платите на просветните работници и на сите вработени во образованието се зголемени за 20 проценти. А во согласност со колективниот договор, до крајот на мандатот ќе имаат од 46 до 60 проценти повисоки плати, додека платите на универзитетските професори се зголемени за 14 проценти.

Значително зголемување во здравството се постигна со потпишувањето на анексот на колективниот договор со што се обезбеди повисока плата за сите вработени во македонското здравство, така што платите на здравствените работници се зголемени за 4.815 денари нето, додека кај медицинските сестри зголемувањето достигнува 6.200 денари. До крајот на мандатот, во согласност со договорената динамика, растот на платите треба да достигне до 50 проценти.

Во соработка и дијалог со синдикалните организации првпат се постигна колективен договор и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците и подобрување на работниот статус на вработените, а поголеми плати се обезбедени и за вработените во безбедносните структури, со јасен план за нивно натамошно зголемување.

Овие резултати се потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува партнер на работниците и дека преку дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија, затоа што само со задоволни, сигурни и почитувани вработени можеме да градиме просперитетна и сигурна иднина.

Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните, со политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места, унапредување на работничките права и стабилен економски развој.