Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис

Зоран Заев и Венко Филипче имале цел Македонија да ја претворат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Заев и Венко Филипче имале цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис во Македонија.

Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат, но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.

Реклама

Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот Регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.

Доказ за тоа дека сè било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување канабис за медицински цели, донесен во време на СДСМ, каде што постои неусогласеност затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис што не ги задоволува ГМП-нормите.

Производството на канабис што не ги исполнува ГМП-нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.

Токму поради сето ова, се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.

Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски?

Дали на Заев и Филипче целта им била продавање канабис на црниот пазар?

Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?

Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.

Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант ниту еден нелегален процес не смее да остане без казна.