Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов одработува за политиката наместо за работниците, затоа по насока на СДСM и Левицата одбива зголемување на платите на административните службеници до 40 отсто

Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегува на површина. Тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегува на површина. Тој е во служба на СДСM и Левицата и одработува за нивни интереси наместо, во согласност со неговата позиција, да ги штити правата на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Трендафилов е избраник на СДСM, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден-денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партијата.

Затоа, по насока на СДСM и на Левицата, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40 %.

Реклама

Само за да му се оддолжи на СДСM затоа што го поставија на претседателското столче во ССМ, Трендафилов заедно со другарите ја продолжи послушноста што Синдикатот ја има историски кон оваа партија.

Како на копче, кога СДСM е опозиција и му треба тема за политички поени, ССМ се активира и бара повисоки плати, а кога СДСM е власт и кога инфлацијата е двоцифрена, платите стагнираат и вработените во институциите со месеци немаат плата, Трендафилов никаде го нема да се побуни за тешкиот живот на работниците и на сите граѓани.

Сега, без никаква економска анализа со 4 % инфлација, Трендафилов бара за само една година минималната плата да се зголеми за 50 %. А во времето на СДСМ, за седум години власт, минималната плата не се зголеми за толку, односно 50 %, иако имавме енормно покачување на цените во маркетите, двоцифрена инфлација и зголемени сметки за струја до плафон.

Тогаш никаде ги немаше ССМ и Трендафилов да се пожалат дека со тие плати и со така високите цени во време на власт на СДСM македонските граѓани тешко живеат и одвај врзуваат крај со крај.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија што мисли за иднината и за доброто на работниците и на сите граѓани, затоа и бара и нуди разумни, реално издржливи и економски оправдани решенија.

Да нема негативни ефекти, како економска криза, зголемување на инфлацијата, дупки во буџетите, единствено решение што моментно може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за речиси 14 %, кое до 2028 година ќе стигне до 40 %. Во денари тоа претставува зголемување од над 10 илјади денари на платите во администрацијата за само две години.

Затоа упатуваме повик до Трендафилов барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работниците, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати.