Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се опозиција во Србија или во Македонија

Навистина сме вчудоневидени, СДСМ живее во паралелен универзум, денес тоа и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина сме вчудоневидени, СДСМ живее во паралелен универзум, денес тоа и се потврдува. Генералниот секретар на СДСМ, денес на прес-конференција излезе и објаснуваше за тоа дека банка од Србија купила банка во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од 10тина дена, СДСМ сака да продаде некаква приказна за српски свет во државата, но тешко им оди. Не ја научија лекцијата која им ја одржаа граѓаните, а на следните избори добро е ако имаат и 100.000 гласови.

Прашањето кое го поставуваме е дали СДСМ е опозиција во Србија или во Македонија? И зошто се толку опседнати со наша соседна држава? Дали има нешто коешто Заев и Филипче го кријат од јавноста во Македонија за некаков бизнис во Србија па затоа се гласни? Дали преку нашиот северен сосед, Заев купувал акции во индиска авиокомпанија? Чиви банкарски интереси во Македонија штити?

Реклама

На лагите на СДСМ им се кратки нозете. „Бомбите” што ги промовираат, освен дим и чад, не „пукаат”.