Реклама

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM резултатите од анализите нека ги побара од својот градоначалник, ЈП Комуналец е надлежен за објавување на испитувањата

Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДСM многу тешко сфаќа како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДСM многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно. Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар.

Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ова прашање, нека се обратат до Валбон Лимани и нека му кажат да ги објави резултатите, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Наташа Поповиќ од СДСМ.

Второ, надлежна институција која поставува и разрешува директор на ЈП Комуналец е градоначалникот на општината, во случајот Валбон Лимани, градоначалник од редовите на СДСM, ДУИ и партијата на Таравари.

Реклама

Трето, дистрибуцијата на водата до домовите е исклучиво на ЈП Комуналец. Тоа што тие направиле превид во целата ситуација, а со тоа се затруле граѓаните на Гостивар, е директна одговорност на директорката, која патем е приведена. 

Четврто, поради тоа што градоначалникот и локалните институции во Гостивар се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мораше да интервенира, и за рекорден временски период, да се исчисти водата, да се пушти првенствено водата за техничка употреба, а потоа и за пиење. Во меѓувреме, секојдневно Гостиварчани добиваа флаширана вода за пиење. Од другата страна пак, СДСM донираше 0 шишиња вода за граѓаните. 

Петто, по месец дена кризата со Гостивар е минато. Одговорноста треба да се преземе од страна на обвинителството и да се казнат сите оние кои имаат и најмала индиректна одговорност во случајот. Исто така, да не се заборави и за молкот на поранешните министри за здравство на СДСM, вклучувајќи го и нивниот претседател Филипче, до кој стигнале преку 400 испитувања за загадена вода, а тој не реагирал ниту за една. 

Да резимираме, СДСM и Филипче се најмалку компетентни да говорат. Со години не реагирале, а денес само обвинуваат. Лицемерието на СДСM и Филипче граѓаните го препознаваат.