Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се борат за контрола на судството поради заштита на крупниот капитал стекнат на криминален начин

СДСМ и ДУИ го партизираа судството, функционерите на СДСМ и ДУИ ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ го партизираа судството, функционерите на СДСМ и ДУИ ги злоупотребувале функциите од позиција на политичка моќ поради сопствени лукративни причини, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Борбата на СДСМ и ДУИ е борба за контрола на судството, за заштита на крупниот капитал кој што го стекнале на криминален начин.

Корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот како и протекционизмот цветаа во време на СДСМ и ДУИ, додека довербата во судскиот систем беше 2 %, а владеење на правото и правдата за СДСМ и ДУИ ниту како поим не постои.

Реклама

Доказ за тоа е Артан Груби, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби влијаел врз судски процес и за тоа земал мито.

Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ, за лично да се богати од мито и корупција.

Таквото делување е синоним за начинот на работа на СДСМ и ДУИ. Делувањето на СДСМ и ДУИ и нивната борба за власт под превезот за демократија, владеење на правото и правдата е всушност борба на СДСМ и ДУИ за заштита на нивните функционери од криминалните активности и заштита на крупниот криминал стекнат на коруптивен и криминален начин.

СДСМ и ДУИ се разоткриени, за таквото делување одговорност мора да има.

Времето на „како до сега’’ заврши.

Време е за сериозна борба против криминалот и корупцијата.

Време е за системски решенија за трансформација на судските органи во независни, транспарентни и одговорни субјекти.

Време е за демократија, владеење на правото и правдата во Македонија, стои во соопштението на владејачката партија.