Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДСM беше на власт

На лагите од СДСМ им нема крај. Од СДСМ на Венко Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На лагите од СДСМ им нема крај. Од СДСМ на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника. Еве неколку бројки со кои можеби  на раководството на СДСМ поставено од Филипче ќе му биде појасно.

Во месец јуни  2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари. Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар. Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари. 

Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно. 

Реклама

Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДСМ и ДУИ.

Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе. Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките.