Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДСM и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит. Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград.
За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM и Венко Филипче должат одговори пред македонската јавност. Наместо денес да глумат загрижени и да делат лекции за сомнителен капитал, нека објаснат што правеле во 2023 година, кога со ДУИ се овозможувале условите за влез на Алта банка во Македонија.
Според јавно објавените информации, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои подоцна биле продадени на Давор Мацура и Алта банка.
Зошто тогаш СДСM немало проблем со потеклото на капиталот и деловните релации, или проблемот се појави дури кога политички им стана погодно да зборуваат за тоа?
Зошто Филипче тогаш молчеше? Зошто СДСM не поставуваше прашања и не бараше одговорност? И зошто денес се обидуваат да ја префрлат целата одговорност на други, без да ја објаснат сопствената улога?
СДСM не може да бара транспарентност од другите, а да бега од прашањата за сопственото политичко наследство.
СДСM должат одговори на јавноста и целосна транспарентност.
Филипче и СДСM, доста со двојните стандарди. Прво одговорете за вашето молчење и за вашата улога во 2023 година, па потоа држете лекции за криминал и сомнителен капитал.

