Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека задолжувањата на владите на СДСM, Македонија ја чини скоро 25 милијарди денари за отплата на камати за кредити

По многуте лаги и манипулации, Венко Филипче конечно само едно нешто кажа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По многуте лаги и манипулации, Венко Филипче конечно само едно нешто кажа вистина. Филипче јасно призна дека наследените обврски од криминалното владеење на СДСM, државата ја чини многу скапо, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што и самиот Филипче вели, скоро 25 милијарди денари одат за камати на долгови, кои владата на СДСM ги направи.

Ова доволно зборува како владата на СДСM се однесувала кон државата и јавните финансии и со што се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се соочува.

Реклама

Финансискиот и економскиот пустош кој зад себе го оставија владите на СДСM, каде што составен дел беше и Венко Филипче уште се чувствува.

Но разликата е во тоа што Владата прави се последиците да ги санира, бизнисот да се помогне со цел економијата да се стави на здрави основи која ќе продуцира раст, развој, инвестиции, нови работни места и добро платени работници.

За таа цел на македонското стопанство му се ставија на располагање 250 милиони евра од кредитната линија со поволна каматна стапка, а над 18 милијарди денари на општините за реализација на капитални инвестиции.

Резултатите веќе се видливи. Се градат улици, патишта, водоводи, канализации, економијата се стабилизира и веќе десетти квартал по ред забележува раст на БДП три или над 3%, кој во вториот квартал од годинава изнесува 4,3%.

Од друга страна Владата континуирано презема мерки и активности, во ек на светска економска криза, цените да ги задржи под контрола, што се гледа и од стапката на инфлација која во Македонија од земјите во регионот е далеку пониска од инфлацијата во еврозоната.

А, во однос на платите и пензиите, СДСM и Филипче исто така, најмалку имаат кредибилитет да зборуваат, затоа што само за две и пол години пензиите на сите пензионери линеарно се зголемија за 7.000 денари, а платите во сите институции согласно колективните договори континуирано растат.

Затоа, Филипче кога ќе дебатира на таканаречената трибина за состојбите во економијата, добро би било да ги презентира овие неспорни факти.