Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ако има докази за незаконски постапки нека поднесе пријава до нивниот обвинител Коцевски кој жилаво го брани Филипче

Спиновите на СДСМ и хистеријата за наводен криминал не поминува. СДСМ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спиновите на СДСМ и хистеријата за наводен криминал не поминува. СДСМ во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери, постапки кои се согласно закон, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на крај да се избере најповолната понуда.

И во двете постапки кои СДСМ сака да ги претстави како скандал, испочитувана е законската процедура и фирмата која дала најповолна понуда е избрана.

Реклама

Никој од имињата кои СДСМ ги споменува нема ниту сопственички удел, ниту некаква поврзаност со фирмите, а најмалку има допирна точка со тендерската постапка.

СДСМ во обвинителството си има свој републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски, кој Венко Филипче, жилаво го брани од одговорноста за криминалот со модуларните болници, вакцините од фирми за овошје по двојно повисоки цени, приватизацијата на стерилизацијата низ јавните здравствени институции, аудито Q8 подарок од фирмата која ги доби најголемите тендери за набавка на јаглен и уште ред други.

Затоа, топло им препорачуваме, се што имаат нека поднесат кај него за да испита. Но знаат дека немаат никаков доказ, зошто се е согласно законските процедури, па само шират хистерија која веќе ни нивните членови не ја оправдуваат.

Помина времето на СДСМ кога тендерите се договараа во четири очи, сега сè се работи согласно закон и процедури.

Во однос на Ивица Томовски кој упорно се обидуваат да го поврзат со фирма за одржување на хигиена, иако и тој и фирмата негираа било каква поврзаност, ги прашуваме дали истата фирма, која добивала тендери во време на власт на СДСМ, и тогаш го чистела буџетот под нивна команда?