Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку своите корумпирни измеќари, судии и обвинители ја штитат мазут-мафијата

Бура од реакции во јавноста откако газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски кој…

Сподели:

Бура од реакции во јавноста откако газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски кој е осомничен дека заедно со бизнисменот Ратко Капушевски испрале 160 милиони евра за набавка на отровен мазут и го труеле народот, заложи два милиона евра, излезе од Шутка, и си обезбеди да седи дома додека не почне судскиот процес.

Додека за набавка на отровен мазут, злоупотреба на стотици милиони и со милиони евра во  џеб може да се купи слобода, дел од осудените за тероризам од случајот „27 април“ се гневни на судиите.

Горан Ангелов Ќосето, осуден за „27 април“ кој осум години помина зад решетки и излезе на лекување со повеќе дијагнози, упати порака до правосудните власти. Тој вели после одлуката за Јахоски, нема намеда да се врати во затвор.

Реклама

„Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор,кога ќе прдне Тито! Доста скапуваме 8 год по зандани. Чисто да си знаете!“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

Реакции има и од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Според партијата, корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДСМ и ДУИ и како што велат ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за меѓусебно да делат проценти и провизии.

Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут поради екстра профит и направиле огромен криминал, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно, Судот и Обвинителството се врзаа во чвор за притворот на Јахоски и остана нејасно кој го пушти во домашен притвор. Кој каков предлог дал, кој побарал домашен наместо ефективен притвор и дали обвинителката се согласила, па потоа се предомислила за куќниот притвор на газдата на Пуцко Петрол. Откако Јахоски беше пуштен дома и јавноста бурно реагираше, Обвинителството за организиран криминал ја обжали одлуката. По три дена институционални објаснувања, се одлучи Јахоски сепак да замине во Шутка.

Тој беше меѓу 11-мина приведени од вкупно 13 осомничени за набавка на мазут со сомнителен квалитет и за перење пари, меѓу кои и сопствениците на компанијата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, за кои веќе беше одредена мерка притвор. Според Обвинителството за гонење на организиран криминал, во период од 2021 до 2023 година го оштетиле државниот буџет за над 167 милиони евра.