Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се празна реторика, неговата оставка е прв услов партијата да има иднина

СДСМ е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДСМ на локалните избори годинава, каде партијата освои само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова  ги изгуби и  своите некогашни  бастиони, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови.

И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес.

Реклама

Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека  Филипче и неговиот ментор управуваат со СДСМ, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.

Јасно е дека, доколу СДСМ не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.

Потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија  не полемичарење во празно, а Венко Филипче како претседател на СДСМ, не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата во која се наоѓа.

СДСМ и Филипче треба да знаат дека конструктивна опозиција не се гради преку празни реторики. Потребни се транспарентни процеси, потребна е реформација во структурите на партијата и искоренување на штетните пракси.

Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДСМ да има било каква иднина и можност за реформи.