Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ против зголемување на старосната граница за пензионирање

ВМРО-ДПМНЕ и Владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ и Владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање и тоа е затворена тема за нас, соопштија од владејачката партија.

„Тоа што не сфаќаме е како истите луѓе кои молчеа додека се ограбуваше државата, додека инфлацијата растеше вртоглаво, додека институциите ги распаѓаа или тие лично или нивните најблиски соработници, сега глумат душегрижници, дали мислат дека народот им верува? Лицемерието и дволичноста на СДС се добро познати на граѓаните. Во време на СДС имаше пад на економијата највисок во историјата, историски највисока инфлација, осиромашени граѓани, пад на индустриско производство најголем во историјата, додека земјите од регионот имаа раст од над 50 отсто на БДП по глава на жител во период 2017-2023, Македонија имаше едвај 20 отсто“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата реакција доаѓа откако Фискалниот совет (тело оформено во време на владата на Димитар Ковачевски и СДСМ/ДУИ), наводно независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, како „гром од ведро небо“ наеднаш предложи мажите и жените да одат во пензија на 67 години со цел одржување на Фондот на ПИОМ.