Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници, мега-парк на кејот на Вардар, три фитнес зони

Општина Ѓорче Петров посветено продолжува со реализација на проекти во образованието, детската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров посветено продолжува со реализација на проекти во образованието, детската заштита, патната инфраструктура и уредувањето на јавните простори, со фокус на подобрување на условите за живот на граѓаните – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМЕ.

Еден од главните приоритети е подобрувањето на условите во училиштата и градинките, со цел создавање услови за поквалитетна настава и воведување едносменска настава во основните училишта. И токму затоа во тек е изградба на вкупно 22 нови училници во три училишни објекти, шест во ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, осум во ООУ „Јоаким Крчоски“ во Волково и осум во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Хром.

А, паралелно се инвестира и во подобрување на училишните услови, опремувањето на кабинетите и модернизацијата на системите за греење, при што во соработка со УНОПС се планираат активности за надградба на системите за греење во сите шест основни училишта и во објекти на три детски градинки, со примена на современи топлински пумпи.

Реклама

Значајни инвестиции се реализираат и во детската заштита, така што во Дексион се гради нова детска градинка со капацитет од 120 деца, а продолжува и изградбата на градинката во Стопански двор, исто така со капацитет од 120 деца кој ќе располага и со централна кујна и магацински простор за потребите на ЈУДГ „Росица“.

Од друга страна, општината продолжува со мерки за финансиска поддршка на граѓаните, за првачињата се обезбедени бесплатни ранци, училиштен прибор и еднократна финансиска помош од 3.000 денари, за полуматурантите поддршка од 5.000 денари, додека за младите на возраст од 18 до 25 години е предвидена програма за субвенционирање на полагањето возачки испит од Б-категорија во износ од 10.000 денари.

Финансиската помош за новороденчиња е зголемена на 8.000 денари, поддршка од по 10.000 денари добиваат и учениците со попреченост во основното образование, а во мај беше отворен Центарот за дневен престој и индивидуален третман, наменет за стручна грижа и индивидуални третмани за деца и возрасни со попреченост.

Изминатата година посветено се работеше и на патната инфраструктура, при што изградени се повеќе од 10 километри нови коловози, улици и улични краци. Меѓу значајните инфраструктурни зафати е реконструкцијата на улицата „Воин Драшкоци“ во Хром, изградба на канализациска мрежа на улиците 31 и 37 во руралниот дел на општината, реконструкцијата на улицата 101 во Волково и уредувањето на последната автобуска станица на линијата 22, во соработка со Град Скопје.

Во населбата Александрија е поставена нова топловодна инфраструктура за поекономично и поеколошко централно греење, паралелно се работи и на ново улично осветлување и проширување на мрежата, изградени се три фитнес зони на отворено, а започнува и изградбата на новиот мега-парк „Македонија“ на кејот на реката Вардар, во близина на фудбалското игралиште Македонски лавови.

Во областа на енергетската ефикасност се поставија фотоволтаични централи на училишните објекти, со вкупен капацитет од 2,2 MW, проект што се реализира преку јавно-приватно партнерство, кој освен заштеди треба да обезбеди и дополнителен годишен приход во општинскиот буџет од најмалку седум милиони денари.

Развојот на општина Ѓорче Петров ќе продолжи и понатаму со фокус на инфраструктурата, образованието, поддршката на семејствата и создавањето поквалитетни јавни простори, со цел да биде место каде граѓаните ќе имаат подобри услови за живот, ќе создаваат семејства и ќе ја градат својата иднина.