Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката криза во СДСМ дополнително се продлабочува со ПР конфузијата која владее во партијата

СДСМ е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните. Политичката криза во СДСМ се продлабочува дополнително и со ПР конфузијата која владее во партијата. СДСМ тоне во сопствениот ПР на лаги, манипулации и деструкција што дополнително допринесува за падот на довербата кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Филипче се обидоа да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија но беа демантирани од сите релевантни институции. Филипче и СДСМ беа демантирани и од британскиот амбасадор, но сепак продолжија со лагите и измислиците.

Венко Филипче и СДСМ лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија, а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа.

Реклама

Колку повеќе спинови пласира СДСМ толку поочигледна е нивната политичка слабост и немоќ. СДСМ нема стратегија ниту за партијата, ниту пак за државата. СДСМ на чело со Филипче, а под менторство на Заев се сведе на трета партија во државата на ниво од 130.000 гласа.

СДСМ и Филипче имаат конзистентна пракса на креирање спинови, испраќаат контрадикторни пораки каде меѓусебно партиските функционери се демантираат, во отсуство на аргументи извртуваат факти или пак селективно ги презентираат и на тој начин ја деградираат јавната дебата во државата.

Наместо да се извинат на граѓаните СДСМ и Филипче шират лаги и ја трујат јавната дебата предводени од српските ПР агенции на чело со Башановиќ. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција со конкретна визија и проекти, а не партија која шири страв и сее паника.