Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за разрешување на членовите на судскиот совет

Судскиот совет е клучна институција за функционирањето на правната држава, секоја сенка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет е клучна институција за функционирањето на правната држава, секоја сенка на сомнеж во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните – ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од парламентанрното мнозинство и официјално ја поднесоа иницијативата за разрешување на пет члена од Советот кои се избрани од Парламентот.

Судството кое ужива само 2% доверба е мета на критики – и на јавноста, и на експертите, и на меѓународните институции – а токму судскиот совет е една од институциите за чии сериозни недостатоци ЕУ постојано предупредува. Според Мицевски овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во правосудството и напредокот на Македонија. Затоа, решавањето на овие предизвици е неопходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.

Како одговорни пратеници и народни претставници кои својот легитимитет го црпат директно од граѓаните, наша обврска и задача е да го слушнеме и пренесеме ставот на граѓаните. Токму затоа, денес од Собранието ја информираме јавноста за нашиот следен чекор.Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во однос на независноста, транспарентноста и отчетноста.

Реклама

Aлфа побара став од координаторот на пратеничката група на СДСМ, кој кажа дека ќе се произнесат преку партиско соопштение. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска пак, не упати на вчерашната изјава на организацискиот секретар.

„Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил од повторна партизација на правосудните органи“, рече Костовски.

И премиерот ги повика сите парламентарни политички партии заеднички да работат на реформите во судството.

„Да бидат разрешени овие членови на Судскиот совет, а потоа заедно низ еден инклузивен процес да најдеме луѓе, кои ќе мониторираат и ќе идентификуваат судии кои злоупотребуваат тоа што се суди и кои што се причинители поради нивните контраверзни одлуки на некои процеси кои не треба да се случуваат“, рече Мицкоски.

И да се изгласа интерпелацијата на членовите, тие можат и понатаму да бидат дел од Судскиот совет, но Мицкоски вели дека „не е добро кога тој што те избрал ти гласа недоверба – а ти продолжуваш да водиш инает“. Затоа очекува судиите да бидат доблесни и сами да се повлечат.

Власта е децидна дека е време да се воведе ред во руинираниот македонски правосуден систем преку коренити промени кои ќе значат „почеток на крајот“.