Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По насока на Заев и Башановиќ, СДСМ и Филипче кројат опозициски фронт со бивши функционери од српската опозиција 

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери од српската опозиција со цел оформување на опозициски фронт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Димитријевиќ минатата недела се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија СПС.

Димитријевиќ на средбата разговарал за здружување на опозициските сили од Србија со СДСМ. Димитријевиќ по насока на Заев и Башановиќ кроел шеми за координација и поврзување меѓу СДСМ и дел од српската опозиција за заедничко делување.

Реклама

Бранко Ружиќ е политичар кој бил суспендиран минатата година од својата политичка партија, која инаку е во коалиција со партијата на власт во Србија поради неговите различни ставови за работата на истата Влада во која тој бил министер за образование.

Димитријевиќ, Филипче и СДСМ одработуваат за туѓи цели и одработуваат за опозиција во друга држава. Филипче и СДСМ наместо коректив на власта и конструктивна опозиција во Македонија, продолжуваат да одработуваат за туѓи интереси и странски центри.

На СДСМ и Филипче не им се важни граѓаните во сопствената земја, туку лојалноста и интересите на врховниот претседател на СДСМ, Зоран Заев. На СДСМ граѓаните не им веруваат, а рејтингот константно им тоне токму поради безидејноста и немањето визија за Македонија.

На СДСМ и Филипче фокусот не им е Македонија туку туѓи интереси и лични цели на Заев и Филипче.