Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најавува нови детали за скандалот со Филипче и фирмата во Петрич која ја крие од јавноста

Претседателската функција на Венко Филипче како да беше загарантиранаво СДС од страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателската функција на Венко Филипче како да беше загарантирана
во СДС од страна на Зоран Заев. Сознанија дека има поврзаност на
бизнисите на Заев со Филипче, поточно на мрежата бизниси во бугарски
Петрич, Струмица и Скопје, потоа сомнителните милионски бизниси и дека
истите ги започнале додека двајцата беа на функции, веќе беа објавени
во јавноста. Но, јавноста остана покуса за одговори.

Дополнително, Филипче откако стана пратеник не даде целосни информации во анкетниот
лист доставен до Антикорупциска, поточно не ја пријавил фирмата за
недвижнсти во Бугарија. Филипче сокрил од јавноста дека откако
завршил со министерсктата функција одлучил да влезе во приватен бизнис
со недвижности. Во ноември 2022 година регистрирал фирма за недвижности
во Петрич, Бугарија на улица Гоце Делчев 12. Фирмата за недвижности се
вика Power i8 Ltd, а како единствен сопственик, воедно и управител на
фирмата со дејности купување, изградба и продажба на недвижнини е
Филипче, потоа се додаваат и други дејности.

На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви. Непријавувањето на фирмата во анкетниот лист која се води на иста адреса со низа на
други фирми на Заеви отвора сомнеж за дејствувањето на Филипче. Се
отвораат прашања како зошто не ја пријавил фирмата, што крие Филипче,
дали е дел од шема на фирми кои правеле милиони?

Реклама

Одговори на овие и други прашања следат на денешната прес-конференција.